Водоразредливи бои

Клиентите кои ја избираат оваа технологија,имаат облоги засновани на водена база од Инвер. Ова е алтернативно решение за традиционалните производи со растворувачи. После долгогодишно развивање и истражување, ИНВЕР нуди на пазарот широк спектар на производи од водоразредливи бои за индустриска примена, кои не заостануваат зад традиционалните бои со растворувачи.

Водоразредливите бои од Инвер може да се нанесуваат со пневматско или воздушно прскање, електростатски пиштоли, ротирачки глави, потопување. Производите можат да бидат исушени од воздух или во рерна на пониски температури.Овие водоразредливи бои  можат да бидат катализирани со епоксидни или полиуретански зацврстувачи. Повеќегодишното искуство во производство на облоги базирана на вода,придонесе на  развој за подобрување на отпорност на атмосферски услови и агенси. Ова значи дека нашите клиенти користат  тестирани системи за заштита на различни површини.