Inver е меѓународна компанија и лидер на пазарот во областа на индустриските премази.INVER GROUP која има 600 вработени ,се состои од мрежа на компани:

– 5 производни погони

– 3 филијали кои се занимаваат со комерцијалните работи ,имаат служби за техничка подршка и мрежа на дистрибуција

  7 INVERCOLOR дистрибутери кои се присутни во поголемите индустриски региони.

Во почетокот на 2000 година ,INVER Spa осетила потреба да го унапреди домашниот и меѓународниот развој така што ја утврдила и опфатила други комерцијални и производни аспекти кои се однесуваат на можноста да на пазарот се понуди техничка ,логистичка и комерцијална услуга спрема потребите на потрошувачите на производи за фарбање.Таа потреба резултирала соо идеја да се формира Inver Grupa , мрежа INVER филијали кои ќе можат да ги исполнат побарувањата на домашните и меѓународните клиенти.После 2000 година ,основана е прва Invercolor компанија и во исто време прва филијала за Европа во Германија.

1934 – Основање на компанијата INVER во Болоња

Компанијата INVER е основана 1934 година од Giovanni Domenichinim дедо на сегашниот генерален директор на компанијата,која носи исто име.Во текот на 1935 година,после само една година,капацитетите на малата лабараторија веќе не биле доволни и компанијата се преселила во првата фабрика во местото Via Bigari која покривала површина од околу 800m2.

1952: Нова фабрика во Болоња

Во почетокот на педесетите години на минатиот век е обележана економска реорганизација на земјата.INVER просперирал и морал да изврши адаптирање на производните капацитети како би се исполниле побарувањата на пораснатата продажба.Резултат на тоа било преселување во уште една поголема фабрика од 6.000m2 на адреса n.205 ,Via diCorticella. Набрзо после преселувањето,основачот на фабриката починал во април 1953 година.Управувањето со компанијата INVER е предадено на неговиот син Giorgio кој е и денешен генерален директор на компанијата.

1970:Производство на премази растворливи во вода

Седумдесетите години на минатиот век компанијата INVER започнала да ја шири својата работа и да инвестира во подобра организација на производството кое тогаш во својот состав имало околу 60 вработени.Тогаш компанијата INVER започнала да го фокусира своето производство на индустриски премази за метал.За да успее да работи во овој сегмент, кој е еден од клучните фактори за успех за персонализација на производите, команијата INVER донела одлука да произведе сопствена смола.Смолата е полимер која на производот за фарбање му дава одредени својства, а вметнување смола на почетокот во постапката на производство овозможило да се спроведе истражување  во областа на производи растворливи во вода и на таа основа да се започне нивно производство,за потребите на индустријата.Средината на седумдесетите години на минатиот век почнати се работи за изградба на нова постројка во местото Minerbio на локација од 90.000m2.Крајот на оваа деценија ,започнато е истражување во лабараторијата на INVER’s R&D поврзано со боите растворливи во вода.

1980:Производство на лакови во прав

Во почетокот на осумдесетите години на минатиот век купени се голем број на акции од компанијата PULVERLAC која се занмавала со производство на лакови во прав, а која покасно ја превземала мултинационалната компанија ROHM&HANS која после тоа еја превзема AKZO.Средината на осумдесетите години на минатиот век, компанијата INVER започнала да договара know-how за производи за фарбање кои се користат во градежната индустрија, најпрво од компанијата SVI STANDARD која била дел од компанијата INTERNATIONAL PAINTS англиска COURTAULDS група која покасно ја превземала AKZO, а после тоа HERBERTS ITALIA која била дел од германската HOECHST група и која покасно станала дел од DU PONT група.Договорите за лиценца се исто така склопени со американската компанија SHERWIN WILLIAMS, за производство анафоретички и катафорезички производи за фарбање со висок состав  на цврсти материјали.Сепак, INVER не се ограничил само на know-how знаење и искуство, исто така потпишан е и договор по основа на која е дозволено шпанската компанија BARPIMO да произведе фарби растворливи во боја , на основа INVER формула.

1988: Нова постројка во местото Minerbio

Почетокот на деведесетите години од минатиот век, уделот во компанијата PULVERLAC е продаден така да компанијата INVER тогаш можела слободно да почне со производство на свои лакови по прав во новата постројка во Minerbio.Во почетокот на овој век ,компанијата INVER започнала со проширување на своите постоечки ланци на набавки така што ја основала компанијата INVERCOLOR,која е прва во низата компании за дистрибуција кои се сега седум.Истотака започнала со интернационално основање на компанијата INVER Gmbh во Германија, која била прва од сегашните пет странски филијали.

Истотака ,потпишан е договор за лиценца по основа на која е дозволено јорданската компанија NATIONAL PAINT да произведува лакови во боја со помош на INVER формула.Година 2005 потпишан е договор за дистрибуција на катафорезни производи со компанијата PPG која е една од водечките компании во светот за дистрибуција на производи за фарбање.

2008: Превзимање на компанијата Becker

INVER  на 30 септември 2008 година ја превзема компанијата Becker која се занимава со производство на лакови во прав,со нејзини четири постројки во Франција ,Велика Британија, Полска и Италија (L’Aquila).

2010:Основање на INVER EAST MED филијала

Во 2010 година е основана филијалата INVER EAST MED , со седиште во Атина-Грција.Како подружница на INVER група во Грција е одговорна за продажбата на индустриски лакови во прав како за Грција така и за останатите Балкански држави.

2016:Основање на ПН-ИНВЕРМАК

Благодарение на богатото познавање и долгогодишното искуство на нашите вработени,нашата политика е фокусирана на квалитет,ефикасна грижа за клиентите,техничката подржка и располагање на голем асортиман на готови производи .