- +38975286615
- [email protected]
- Пон.-Пет. : 07.30 - 15.30h
Пластификацијата е процес при кој на наелектризирано парче метал се нанасува прашкаста боја со обратен поларитет од оној на металот.Со тоа прашкастата боја се лепи на металот,електрицитетот го привлекува правот онаму каде го нема,а го одбива онаму каде веќе е нанесен.Прашкастата боја рамномерно се распределува при нанесувањето во зависност од дебелината која сакаме да ја нанесеме.Со полемеризација на прашкастата боја на одредена температура се добива рамномерно распореден заштитен слој боја.
Со овој процес на пластификација може да се врши квалитетна заштита на сите метални,неметални но во поново време и дрвени површини..
Ова се фазите на пластификација.
Фаза 1. Подготвителна фаза во која се отстрануваат нечистотијата и маснотиите на површината, како и малите механички неправилности.
Фаза 2. Нанесување на прав во рамномерни слоеви на посакуваните површини во специјално дизајнирани комори со одредена посакувана дебелина.
Фаза 3. Процесот на загревање на екстремно висока температура (од 180 ° C – 220 ° C) во кој прашокот се доведува во полу-течна состојба, така што бојата се шири рамномерно над површината.
Фаза 4. Со ладење, правот се враќа од полу-течна состојба во трајна цврста состојба во строго контролирана чиста просторија.
Конечно, пластифицираните производи се спакувани во адекватено пакување за да се спречи оштетување на транспортот.
Во нашата понуда имаме текстурни,структурни,сјајни,мат и бои по ваш сопствен избор по рал карта, со цел за остварување на секоја ваша идеја и желба..
За сите ваши дополнителни информации и остварување на сите ваши обоени идеи,слободно можете да не контактирате на тел.број 075 286 615
+389 75 286 615
+389 43 239 903
ул.Ѓошо Органџиев бр.17
1400 Велес , Р.Македонија